Голема системска грешка ги паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Сподели

Facebook, Instagram и WhatsApp од утрово се недостапни, вестите не се појавуваат, а главната страница на Facebook.com е недостапна.

На WhatsApp не може да се испраќаат пораки ниту да се примаат, а корисниците на социјалните мрежи своите проблеми и негодувања ги искажуваат на Twitter.

Овие социјални мрежи имаа пад на системот и пред еден месец, кога дел од нив во делови од светот беа недостапни речиси еден ден.