Изложба „Небесно платно“ во Музеј на град Скопје

Сподели:

Изложба „Небесно платно“ ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Музеј на Град Скопје

Изложбата на фотографии „Небесното Платно’ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо.

Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини.

Сподели: