Ѓорѓиевски: Длабок поклон за пожарникарите за пожарот кај „Рампа“

Сподели:

Пожарот кој избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран. Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија.

“Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност,” изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. 

Ова е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните. Токму затоа, нашите заложби за модернизација на Бригадата, нова опрема, подобри услови и поголема безбедност за пожарникарите се наша обврска”, изјави Ѓорѓиевски.

фото ФБ Орце Ѓорѓиевски

Сподели: