Ѓорѓиевски и сопругата донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“

Сподели:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода. Оваа донација ќе ја олесни комуникацијата, концентрацијата и емоционалната регулација на децата, создавајќи прифатлива и смирувачка средина за нивниот развој.

“Не постои повистински начин да се одбележи Денот на свесноста за аутизмот, од тоа да се вложи во подобрување на условите, поддршката и секојдневието на овие прекрасни деца, во нивниот развој, нивната сигурност и нивната можност да го изразат својот уникатен свет. Вложувањата во сензорни простории придонесуваат за развојот на когнитивните и социјалните вештини на децата, нивната самостојност и можноста за активно вклучување во општеството. Заложбата за создавање еднакви услови за сите наши граѓани, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, е од исклучителна важност. Таа не само што ја намалува стигматизацијата, туку и го гради општеството на разбирање, почит и вистинска инклузија кон кое сите се стремиме”, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сподели: