Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР

Сподели:

Вчеравечер беа запалени се повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“, објави на својот фб профил градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

“Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот. Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари. А ако со ова некој мисли дека мене лично ми прави штета, се лаже! Прави штета на градот, овие контејнери се купени со парите на скопјани! –

Го повикувам МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“, да ги пронајде сторителите и да испита дали палењата се организирани и политички мотивирани. Барам одговорност! Наскоро го завршуваме поставувањето на 200 градски камери за посилен надзор и откривање на ваквите појави и за кои апсолутно нема да има никаква толеранција!

Чувајте го Скопје и пријавувајте вандализам.Нема да дозволиме некој да си поигрува со градот! Со законите нема поигрување!” – додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.

фото Град Скопје

Сподели: