Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е безбедна и се напи чаша вода пред јавноста

Сподели:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на денешната вонредна прес конференција изјави дека водата во Скопје е безбедна.

Исто така тој изјави дека ќе одговара секој еден кој шири страв и паника врз населението дека водата не е исправна и дека веќе има хоспитализирани пациенти со ешерихија коли. Нема толеранција.

„Јас одговорно тврдам дека имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Водата од скопски водовод, освен јас, ја пие и моето семејство и мојот 8.5 годишен син. Ако имало било каков проблем, прв ќе бев кој ќе излезе во јавноста тоа да го каже“ – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски и побара да му дадат чаша вода од чешма која ја испи пред новинарите, како доказ дека водата е исправна и безбедна.

Сподели: