„Госпоѓа Бовари“ во Националната опера и балет

Сподели:

ГОСПОЃА БОВАРИ / MADAME BOVARY (балет / ballet), Национална опера и балет, 17 јуни, со почеток од 20 часот.

ГОСПОЃА БОВАРИ е балет во два чина инспириран од романот на Г. Флобер, кој со длабока чувствителност ја прикажува судбината на жена што копнее по љубов и слобода, но се соочува со строгите правила на општеството. Универзална приказна за изборите, желбите и цената на среќата.

Приказната за „Госпоѓа Бовари“ започнува како сон за подобар живот. За повеќе љубов. За повеќе страст. За повеќе смисла. Но, како што се развива дејството, гледаме колку е сложена човечката природа и колку лесно желбите можат да нè одведат на неочекувани патишта.

Билети:Онлајн: https://t.ly/MADAME.BOVARY.17.6.26, Билетарница: 078 426 536 ; 02 3118 451

фото НОБ

Сподели: