Алтернатива Настани

Twelve Moons of Jazz – 22 СЕПТЕМВРИ

Сподели:

JAZZ

Еј здраво наши!

Ви пишуваме гледајќи во месечината, ама од охридска страна. Во лутањето низ него кое е секогаш различно уживање, овој пат сме со цел. Потрага на музика со изворен шмек и универзални стилски вредности кои би требало да се шират низ Дримот надалеку.
Воедно лажејќи го времево по езерото, мирот го нарушува осетот на скопски септември кој води во аритмичен пулс на агонија и потчинетост поради свесноста на истоветниот ред на нештата, едноличноста на месечната печелба, дување на студентскиот мозок, кои сите заедно го цртаат нашето утринско сивило кое следи.
Оваа дисхармонична фрустрација оди заедно со есента во градот и како меур од сапун се игра со вашиот лезет на летни збиднувања и фантазии. Kој не би рекол дека септември е како понеделник после викенд.
Но сепак кога ќе размислиш, жолтиот лист, влажните пенџериња и цупкањето по вировите и не е толку лоша слика ако удриш клоца на системот барем на кратко во брз groove Jazz ритам.
Twelve Moons of Jazz весело ја дочекува есента, во виртуозно движење по вратот од гитарата низ високи и ниски тонски скали додека твојата голтка од пијалок сеуште патува низ тебе.
За нашиот септемвриски гостин Michael Angelo Batio вели дека тој е сосема веројатно најталентираниот гитарист кој некогаш го слушнал и видел. Според Batio тој поседува апсолутно неворојатна техника со чија помош свири со голема самодоверба и зрелост.
Кратко и јасно, Дамјан Пејчиноски.
Кој вели дека Хендрикс не е жив!?

Twelve Moons of Jazz заедно со Damjan Pejcinoski ја продолжува својата приказна.

Со љубов и почит,
DMA Music

Потпомогнато од: http://zlatendab.com.mk/

Влез: 150 денари
Картите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:
http://www.mktickets.mk/
https://www.karti.com.mk/

Резервации: +389 72 562 405

Сподели: