ГОСПОЃА БОВАРИ / MADAME BOVARY на 17 јуни, во Национална опера и балет, со почеток од 20 часот.
Балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ ја носи на сцената една од најпознатите и најдлабоки книжевни приказни за внатрешниот свет на жената, нејзините копнежи, соништа и судирот со реалноста.

Инспириран од романот на Г. Флобер, овој балет во два чина ја следи Ема Бовари – жена која живее меѓу страста и разочарувањето, постојано барајќи излез од ограничувањата на општеството. Преку современ кореографски јазик и внимателно избрана музичка подлога, претставата ја гради нејзината емотивна и психолошка трансформација.
Музиката на Сен-Санс, Равел, Масне, Менделсон и Хендл создава силна драмска атмосфера, додека визуелниот сценски израз дополнително ја нагласува естетиката и емотивната длабочина на делото.
извор/фото Национална опера и балет


