Гостува Камерната опера од Благоевград Бугарија, со „Трите тенори и уште нешто…“

Сподели

На 17 октомври, четврток, со почеток во 19, 30 часот, во НУ Центар за култура Крива19, 30 часот ќе се одржи музичко – сценска вечер насловена „Трите тенори и уште нешто…“ на која ќе настапи Камерната опера од Благоевград, Бугарија.  

Главни гости се трите тенори Јуриј Николов, Михаил Михајлов и Георги Динев, придружувани од оркестарот на Камерната опера Благоевград. Концерт мајстор  е Стоил Богданов, а  диригент Георги Еленков   На програмата се дела од Верди, Пучини, Доницети, Чилеа, Лара, Денца,  Рота, Дала и други.   Оперниот спектакл „Трите тенори и уште нешто…“ е дел од манифестацијата „Есенски музички  вибрации“ и „Крива Паланка – Град на културата“.  

Влезот е слободен за сите посетители.