Гоце Ристовски со меѓународна награда за драмски автор

Сподели

 

Жирито на 8. Меѓународeн театарски фестивал што се одржа во Анадолија, Република Турција, му додели меѓународна награда за драмски автор на македонскиот писател Гоце Ристовски.

– Жирито ги вреднуваше домашните и странските театарски движења и одлучи да бидат наградени театарски луѓе кои со својот придонес ја збогатиле театарската уметност во периодот 2022 – 2023 година. Во областа на драмската литература, жирито високо го оцени придонесот на Гоце Ристовски преку неговите драми, вреднувајќи ги високо, и со задоволство му ја додели меѓународната награда за драмски автор – се вели во образложението.

Наградите ќе бидат врачени на свеченост што ќе се одржи на 24 април.