Грозоморно убиство во Кочани – жена избодена со над четириесет убоди од нож

Сподели

 

Утринава на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани се случи убиство. Со повеќе убоди со нож смртно настрадала жена.

Според првичните неофицијални информации, жителите од околните куќи околу 6:15 часот биле вознемирени од силни викотници. На улицата се случувала страшна тргедија, маж кој признал вина на несреќната жена и нанел 41 убод со нож, при што од задобиените повреди починала на самото место. Потоа, го оставил безживотното тело за што сведочат фотографиите што ги доби Радио Кочани.

„Денеска во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Осомничениот без да се обиде да бега, ги почекал полициските службеници, кои му ставиле лисици.