Груевски: Оваа хајка против мене, конкурира за хајка на столетието

Сподели

“Ваква судско-политичка хајка, како што е оваа против мене, конкурира за хајка на столетието. Кога велам на столетието мислам на повеќе од 100 години, можеби 120 години. Независно кој бил на власт или кој бил окупатор во оваа земја, ова парче земја на кое што живеевме, веројатно оваа политичко-судска хајка конкурира за една од најголемите или можеби најголема. Вакви монтирани и политички судења не се паметат од почетокот на дваесетиот век. Ниту во турско, ниту во српско, ниту во бугарско, ни во комунистичко време. Да еден човек и неговите соработници, од политички мотиви, биде така атакуван со многу обвиненија и истраги, да се принуди секој ден да е во судот, да има рочишта по 11-12 часа на ден. Кон одбраната судот да се однесува на начин кој што е крајно несоодветен, да има вакво дрско однесување на судот кон одбраната, да дел од судиите на секои 15 минути буквално се дерат на адвокатите, да им даваат само една минута да се искажат за исклучително важни работи, да не се дозволува време за подготовка на одбраната за следното рочиште”…

Изјави, Никола Груевски