Групна изложба Млада уметност во МКЦ

Сподели:

ГРАДЕЊЕ ЛИКОВНИ ИДЕНТИТЕТИ

На 4. декември со почеток во 20 часот, во МКЦ е отварањето на групната изложба Млада уметност.

Целта на изложбата е да се претстават младите уметници и нивните различни стилови. Покрај тоа понасловот Градење ликовни идентитети произлегува од потребата да се истакне процесот и развојот на еден уметник, следејќи ги неговите тенденции и стилски промени.

Учесници се Јелена Белиќ, Кристијан Јованоски, Ангела Георгиевска, Миро Костовски, Огнен Марковиќ, Ивона Петрова, Дорина Тенева и Евгенија Трајковска.

Постер: Евгенија Трајковска

Каталог: Филип Цветков

Куратор: Наде Циева

Сподели: