Харадинај: Ќе мора косовската војска да ја формираме со закон

Сподели

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека трансформацијата на Заштитните сили на Косово (ФСК) во војска на Косово не може да се направи со уставни промени, поради противењето на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, јави МИА од Приштина.

За промена на Уставот, рече Харадинај, потребно е да гласаат две третини од пратениците на Листата, што е невозможно да се очекува, со оглед на категоричниот став на партијата, но и на официјален Белград, против формирање косовска војска.

„Регулирањето преку уставната основа како опција, е речиси невозможно, бидејќи се потребни квалификувани две третини, што значи и од пратениците Срби. Со оглед дека така стојат работите, тешко ни е да калкулираме дека ќе ги имаме тие гласови. Во одреден момент ќе бидеме принудени да ја регилираме војската на Косово со закон“, изјави Харадинај.