Вести Македонија Став Ударни вести

Хипотеката на кандидатот Наќе Чулев, со „Диво Насеље“ ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР

Сподели:

Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице, и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите и предлогот може да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април.

Јавноста треба да знае дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“.

Оваа хипотека ќе има негативни импликации во јавноста но и кај вработените во МВР.

СДСМ изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Мицкоски, и преку овој избор за негова ноиминација, се обидува да ја враќа земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации.

Тоа нема да дозволиме да се случи, граѓаните можат да бидат спокојни. СДСМ со сиот свој капацитет ќе ја обезбеди внатрешната стабилност и демократскиот амбиент пред и за време на изборите на 12 април.

Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април, – се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели: