ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска во земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер и температура до 6 степени.

Во текот на денешниот ден и во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има на облачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег.