Вести Свет

Хоти на средба со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг

 

Премиерот на Косово Авдулах Хоти, како што објави на Фејсбук, денеска ќе се состане со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува РСЕ.

„Во вторник, во Брисел се среќавам со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кому му благодарам за неговата подготвеност. Косово е благословено со своите пријатели, од двете страни на Атлантикот“, напиша Хоти на Фејсбук.

Од 12 јуни 1999 година, меѓународната мировна мисија на НАТО, КФОР, престојува во Косово за да обезбеди безбедност во сите делови на земјата.

Сподели: