Хуманитарен ЗОО базар – Спаси живот, вдоми миленик!

Сподели

Хуманитарен ЗОО базар, 9.јуни, – Спаси живот, вдоми миленик!

По втор пат во соработка со граѓани, активисти и здруженија за заштита на животните правиме Хуманитарен Зоо базар за да помогнеме на бездомните крзнени пријатели- за нивно лекување, но и за полесно пронаоѓање нов дом.

Многу преслатки кучиња и мачиња чекаат помош од нас, хуманите луѓе кои се единствен спас за нивен достоинствен живот, исполнет со љубов. Нашата цел е заедничка- да нема бездомни животни, сите да го најдат својот дом.

На ЗОО базарот ќе може да си купите многу интересни подароци, сувенири, украси, маички, а со тоа да спасите многу кучешки и мачешки животи. Бидете дел од ЗОО базарот во недела ( 09.06) со почеток од 12:00 часот.

Напомена: Поради безбедност на животните, влез во ЗОО Скопје со миленици е забранет, но сите кои ќе сакаат да вдомат миленик истите ќе може да ги видат на фотографии, но и да се едуцираат околу нивната нега, чување, стерилизација и вакцинација.