Алтернатива Настани

Хуманитарна акција на „Портрет“ и македонските спортисти

Сподели:

hum.akcija sport

Водени од идејата да се вклучиме во собирањето помош за погодените од поплавата, во соработка со македонските спортисти организираме хуманитарна аукција. Истата ќе се одржи во вторник 16.08, со почеток во 17 часот во „Јавна соба“, а на неа по пат на наддавање ќе се продаваат дресови од македонските спортисти:
• Перо Антиќ,
• Кире Лазаров,
• Дејан Манасков,
• Борко Ристовски,
• Филип Тaлески
• Јован Костовски,
• Владо Илиевски,
• Тодор Гечевски,
• Ѓорѓи Чековски,
• Војдан Стојановски,
• Столе Стоилов
• Наумче Мојсовски,
• Пепи Манасков,
• Горан Пандев,
• Александар Васовски,
• Влaткo Грoздaнoски
• Бобан Грнчаров.

Свoј музички придoнес нa грaмoфoни ќе дaде Ненaд Стефaнoски (Foolish Green).

Покрај средствата собрани од аукцијата, дополнително ќе се собираат парични донации во кутии поставени на самото место. Сите собрани средства ќе бидат донирани директно на семејствата погодени од поплавата.

Сподели: