Вечерва на сцената на Долни Сарај ќе настапат нашите истакнати уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Камерниот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на Ана Спасовска.
Во вечер исполнета со емоции и носталгија, публиката ќе има можност повторно да ги доживее безвременските македонски песни „Стојне бре Стојне“, „Кажи Анѓо“, „Нели ти реков моме Донке“, „Ој ти момче Охриѓанче“ и многу други, во нови оркестарски аранжмани.
Долни Сарај, 18 јули со почеток од 21 часот


