Игор Стефановски: Добредојде дома стари! Едвај чекам да седнам до тебе пак

Сподели

 

“Конечно, после една година изработка, долги ковид-месеци во склад, и неколку недели во кутија, сабајлево бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало!

 

 

За жал, поради новите мерки, нема да има јавен настан за отворањето. Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен). Така што, еве и овој пат, во текот на денот (здравје), Горан би требало да биде поставен на своето место, каде ќе ве чека за седенка и муабет. Кога ќе бидете во можност, отидете да го поздравите.

ДОБРЕДОЈДЕ ДОМА СТАРИ! Едвај чекам да седнам до тебе пак”, напиша утрово Игор Стефановски на својот ФБ профил.