Алтернатива Настани Наука и Технологија

Доставете ги своите фотографии на Huawei Next-Image Awards 2020

Сподели:

 

Ветувачка насмевка, магично зајдисонце или шармот на градот навечер. Ако сакате да фотографирате или снимате такви уникатни моменти, придружете се на над 20 илјади европски љубители на мобилна фотографија кои веќе ги доставиле своите фотографии и видеа на Huawei Next-Image Awards 2020. Бидете препознаени од светски познатите членови на жирито, покажете им ги вашите импресивни фотографски вештини и станете најдобар од најдобрите!

 Стани член на Huawei заедницата за мобилна фотографија

Уникатноста на фотографиите лежи во фактот дека тие покажуваат индивидуална перспектива за согледување на реалноста. Леќите на камерата се призма која ни овозможува да го покажеме светот околу нас на персонализиран и единствен начин. Секој фотограф има свој стил и техника на фотографирање. Но, она што сите тие имаат заедничко е страст кон естетиката и убавината. Целта на Huawei Next-Image Awards 2020 е да создаде заедница на љубители на мобилна фотографија и да го открие нивниот талент пред глобалната јавност.

Реализирајте ги вашите соништа и доставете ги вашите уметнички дела на натпреварот. На глобално ниво се доставени над 600.000 дела. Запомнете дека делата се прифаќаат до 18 часот по средноевропско време, на 31 јули!

Направете уникатна фотографија или видео и натпреварувајте се со учесниците од други земји.

 

 

 

 

 

 

 

Сподели: