Интервју на претседателот Стево Пендаровски за „Euronews“, Албанија

Сподели

 

Во интервју за „Euronews“, Албанија претседателот Стево Пендаровски зборуваше за евро – интегративниот пат на Северна Македонија и Албанија, како и дека напредокот на земјите од Западен Балкан е можен само ако шесте држави работат заедно и ја развиваат регионалната соработка.

 

 

Претседателот Пендаровски во интервјуто се осврна и на неговата работа во изминатите години, во кои како што рече, бил еднаков кон сите етнички заедници и согласно со неговите уставни и законски надлежности се залагал секој поединец, без разлика на која етничка заедница припаѓа, да го добие своето место во македонското, мултиетничко општество.