ИЛИ-ИЛИ: Промоција „Се’ уште можам нешто да сторам“од Фросина Пармаковска

Сподели

 

Утре, 8 февруари, во Салонот 19.19 при КИЦ, со почеток во 19ч19м, ќе се одржи промоцијата на новиот роман „Се’ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска, во издание на „ИЛИ-ИЛИ“.

Низ разговор со новинарот Васко Попетревски, писателката ќе проговори за процесот низ кој помина додека го создаваше нејзиниот петти роман, кој наиде на добар прием кај читателите по неговото објавување во декември.

 

Романот„Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење.. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главнот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното

Фросина Пармаковска (1985) е родена во Скопје. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институтот за македонска литература, на Културолошките студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ (роман на годината за 2017 г.) и „На враќање“.