Исланѓанецот Палмарсон на излезни врати од Веспрем (видео+фото)


Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/denesmagazin.mk/public_html/wp-includes/media.php on line 1679
Сподели

Репрезентативецот на Исланд и еден од најталентираните ракометари на денешницата, Арон Палмарсон заминува од Веспрем.

Тој не се појави на првиот тренинг на екипата, бидејќи сака да ја промени средината.

Палмарсон има желба да замине во Барселона која имаше интерес за неговите услуги. Но каталонците не се осудија да ја платат откупната клаузула од последната година.

Но, од страна целата ситуација ја следеа ПСЖ и Кил кои одлучија да преземат инцијатива и да успеат да дојдат до потписот на Палмарсон.

Сепак Исланѓанецот ќе мора да се одлучи помеѓу овие гиганти, кои ниту најмалку не се за потценување.

Палмарсон е дел од репрезентацијата на Исланд од 2008 година, има 105 натпревари и постигнато 407 голови.

Во кариерата има играно за Хафнарфјордор, Кил и Веспрем.

The post Исланѓанецот Палмарсон на излезни врати од Веспрем (видео+фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico