Здравје Магазин

ИСТЕГНЕТЕ СЕ ПРАВИЛНО

Сподели:

Знаете ли што да направите кога ќе ве фати грч во ногата?

Грчевите најчесто се појавуваат во мускулите на долните екстремитети и е многу незгодно искуство, бидејќи се јавува силна болка.

tegn

Меѓу најчестите причини за појава на грч спаѓаат:

  • Брза телесна активност
  • Недоволно истегнување
  • Губење на електролити преку потење за време на тренирање на високи температури
  • Долготрајно седење, кое предизвикува блокада на циркулацијата и намалена структура во карлицата
  • Носење чевли со високи потпетици, кои предизвикуваат напнатост во стапалата и листовите
  • Недостаток на магнезиум и калциум во организмот

Ако добро се загреете за телесна активност, не би требало да дојде до појава на грчеви. Најчеста грешка е од седење веднаш да почнете да вежбате, бидејќи може да дојде до појава на грч.

Кога ќе почувствувате грч во мускулите направете спротивно движење и истегнете се. На пример ако грчот се појави во задниот дел на ногата, во листот и ви го влече стапалото надолу, повлечете ги прстите со раката и стапалото кон себе за да го истегнете во спротивна насока. Ќе ви помогне и ставање на топли облоги, туширање со топла вода и лесна масажа. Внесувајте и намирници богати со калциум и магнезиум.

grc

Грч во стапалото

Со рака подигнете и повлечете го кон себе стапалото кое ве боли. Кога болката ќе почне да попушта, повлечете го стапалото кон себе. Така ќе ги истегнете мускулите кои ве грчат.

Додека седите, израмнете ја ногата и кренете го стапалото накај коленото.

Грч во листот

Со рака повлечете го стапалото на ногата која се грчи на тој начин што коленото ќе го свиткате и ќе го кренете стапалото од подот. Влакната на мускулите на листот ќе почне да се истегаат на овој начин. Во моментот кога навечер ќе се разбудите поради грч, можете и да туркате со стапалото во ѕид. Важно е листот да се издолжи.

Грч во предниот дел на натколеницата

Во фетус положба влечете ја петата кон задникот, а мускулите во предната натколеница веднаш ќе се опуштат.

Грч во задниот дел на натколеницата

Заземете седечка положба со испружени нозе. Навалете се нанапред и потрудете се да ги допрете прстите на нозете. Немојте да ги виткате колената! Се работи за класично истегнување на задната ложа, која за кратко време би требало да се опушти.

Сподели: