Италија изгласа доживотен затвор за фемицидот

Сподели:

Италијанскиот Сенат, поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџа Мелони, вчера едногласно усвои закон со кој се воведува ново кривично дело во Кривичниот законик: фемицид, казниво со доживотен затвор. Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН.

Новиот член 577-бис предвидува дека секој што ќе убие жена од омраза, дискриминација, контрола или затоа што е жена ќе биде казнет со доживотен затвор.

Фемицид или феминицид е злосторство од омраза против жени мотивирано од полот на жртвата. Општо е дефиниран како „намерно убивање на жени и девојчиња затоа што се жени“ иако дефиницијата се менува во зависност од културниот контекст.

Покрај воведувањето на фемицидот како засебно кривично дело, законската рамка се проширува со зголемени санкции за придружни дела како прогонување, малтретирање, сексуално насилство и таканаречено „осветничко порно“, односно неовластено објавување интимни содржини.

фото скриншот youtube

Сподели: