ИЗЈАВА на д-р Александар ЛИТОВСКИ

Сподели

 

 д-р Александар Литовски

 

“Во врска со актуелните политички еквилибристики околу некои историски теми, човек може секогаш одново да се фрапира од леснотијата со која се инструментализира минатото. И, како што обично се случува со политичките изјави, декларации и резолуции во контекст на историските прашања, тие многу често се ненаучни, невтемелени врз изворите и врз контекстот на историското време. Оттука, најчесто се целосно неаргументирани. Впрочем, било какви изјави од политичарите и политичките форуми, за било кој сериозен историчар се неприфатливи и воопшто не го обрзуваат при дискусиите за стручни теми. Во денешно време, особено идеолошко инструментализирани, неаргументирани, невистинити и неприфатливи се ревизионистичките и анти-антифашистичките изјави. Во таа насока, сметам дека секој научник не само што треба да стане имун на такви влијанија, туку треба да се раководи единствено од научните принципи и сопствената интелектуална совест.”