ИЗЈАВИ: ДИМИТАР БОГОВ

Сподели

10519

„На состанокот се разговараше за движењата и за ризиците со кои се соочуваат одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија и соодветните супервизорски институции, како и за потребата од преземање, поединечни или координирани, идни мерки и активности. Притоа, се заклучи дека и во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност. Беше разговарано и за напредокот во унапредувањето на регулативата и на стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните практики и со директивите на Европската Унија.”