ИЗЈАВИ: ИСКРА ГЕШОСКА

Сподели

ПОВОД: ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ

10491217_10152459743648551_6889167025047385736_n

“Елементарна непогода, што значи непогда која би ги загрозила човечките животи, а е реакција на природата и процесите во неа, може да биде: цунами (на некој окенаски, речиси пуст брег), земјотрес, ураган (од типот на Катрина), речни наноси (во неурбанизирани заедници), бура на отворено море, молњи на отворена полјана на која стои сам човек… она што се случи вчера попладнете и во текот на ноќта во Македонија не е елемнтарна непогода (попозната во нашиот речник низ годиниве како „невреме“). она што се случи вчера, особено во Скопје и Скопско, е политичка непогода еднаква на катастрофа. Македнија беше оној оставен сам човек на сред полјана додека паѓаат молњи. со природата не можеме да се справиме – таа е чудесна и непредвидлива, па дури и кога ќе збесне. со луѓето кои се збеснати, насилни, бездушни, неодговорни, самољубиви, игнорантни, разулавени по моќ можеме да се справиме. И да се справиме!”