Изложба “БАЛКАНСКИ РЕФЕРЕНЦИ” во Музејот на РС Македонија

Сподели

 

Денеска, со почеток во 12 часот, во Музејот на РС Македонија, во изложбената сала Етнологија, свечено ќе се отвори изложбата БАЛКАНСКИ РЕФЕРЕНЦИ во организација на Универзитетскиот ансамбл Македонија.

На изложбата ќе бидат прикажани традиционални носии од Балканските држави како: Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово,Бугарија и Грција, притоа збогатени со музичко сценски перформанс на уметниците од ансамблот и проекција на документарен филм за женските обредни поворки од Краљице, Р.Хрватска.