Изложба „Фемина vs фемининологија“ и предавање на Јана Манева-Чупоска во Загреб

Сподели

 

Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб  денеска, 7 ноември, во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Фемина vs фемининологија“. Куратори на изложбата се претседателката на Друштвото на ликовните уметници, Јана Манева-Чупоска, и историчарката на уметноста Санда Станаќев-Бајзек од Хрватска.

Во рамките на изложбата, која е резултат на соработката меѓу Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и Хрватското здружение на ликовни уметници и ликовни критичари (ХУЛУЛК) од Загреб, хрватската публика ќе има можност да види дела од 10 македонски и 10 хрватски авторки  кои работеа во двојки.

Претходно, денеска на Техничко-технолошкиот факултет при Универзитетот во Загреб, со почеток во 11 часот, проф. д-р. Јана Манева-Чупоска, редовен професор на Европскиот универзитет, Факултет за арт и дизајн – Скопје, ќе одржи предавање на тема  „Наследството, сеќавањето и јас“.

Предавањето е дел од меѓународната уметничка работилница со наслов „Наследството и меморијата во текстилните рефлексии“, во организација на професорката по уметност  Паулина Јазвиќ.