Изложба „Кобалт Синергија“ во Галерија МКЦ

Сподели

 

Изложба „Кобалт Синергија“, на 23 февруари, 20:00 часот, Галерија МКЦ
 
На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, со проекција на видео ролна и две видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видео ролните се и концептциските обзервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот г-ѓа Корнелија Буклеска.
 
За изложените ликовни дела критички осврт ќе има проф. Владимир Величковски. За концептот на проектот „Кобалт Синергија“ новинарката и главен уредник на редакцијата за култура и уметност при Радио Скопје ќе каже: „Ова е приказна за кобалтот (како елемент и како боја) како и она за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за животот кој не опстојува во праволиниско течение.“
 
Корнелија Буклеска, родена 1961 година во Скопје, дипломирала на катедрата за интердисциплинарни студии по журналистика при УКИМ. Уредник е во Редакцијата за култура и уметност на Радио Скопје.
Венко Цветков, роден 1955 година во Штип, академија за ликовни уметности завршил во Љубљана 1984 година. Живее и работи во Скопје.
Симон Гегај, роден 2005 година во Скопје, ученик во 4та година во државното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на отсекот мултимедија.
 
Изложбата ќе биде отворена до 3 март 2024.