Изложба ,,Кумановски ликовни уметници 2025”

Сподели:

Во предвечерието на празникот 11 Ноември, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, ја отвори традиционалната годишна изложба на уметнички дела “Кумановски ликовни уметници 2025”, во салонот на Уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово, во присуство на претставници од општинската администрација.

На 69 издание на културно уметничката манифестација, учествуваат 23 академски ликовни автори од Куманово, кои се претставуваат со свои ликовни творби, на слободна тема.

Изложбената поставка е составена од дела во различни ликовни дисциплини на сликарство, графика и скулптура, изработени во повеќе ликовни техники (масло, акрил и комбинирана техника на платно), како и други форми на ликовниот израз: инсталации и видео арт.

Настанот е реализиран под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, со поддршка на на Министерството за култура и туризам на РС Македонија.

За љубителите на уметноста, изложбата ќе биде отворена до 20 ноември, оваа година. 

Сподели: