Изложба “Македонија низ традициите на секојдневието и празнувањето”

Сподели

 

Изложбата “Македонија низ традициите на секојдневието и празнувањето” од 2002 година, во авторство на Владимир Боцев и Јован Шурбаноски, дава генерална слика за состојбата на духовната култура на Македонците од средината на 20-от век.

 

 

Акцентот е ставен на најраширените обичаи поврзани со календарот кои во Македонија се врзани за Јулијанскиот календар: Коледе – Бадник, Џамала, Русалии, Велигден, Курбан – принесување на крвна жртва, Задушница – денови посветени на умрените претци и свадбата како еден од најзначајните моменти од животот на човекот.

 

 

Во периодот на доцните 40-ти години, во текот на 50-те и почетокот на 60-те години на 20-от век, тогашниот Етнолошки музеј на Македонија оформи вредносна збирка на црно бели фотографии кои ги овековечија најбитните моменти од секојдневниот и обредниот живот во Македонија.

 

 

Фотографиите што следат одреден обичај, снимени се како низа од ритуални дејства и се движат по редоследот по кој се одвива обичајот. Вредно е да се спомене дека фотографиите презентирани на оваа изложба, но и поголемиот дел од фототеката на Музејот на Македонија не се снимени со студеното око на етнологот или музејскиот фотограф.

 

 

Лишени од преголема доза на субјективизам претставените фотографии, снимени кон средината на 20-от век, ни овозможуваат директна комуникација со времето на нивното создавање.

 

#музеј #библиотека #каталог #museum #library #catalogue