Изложбата на Ангел Коруновски во објектот Мала станица, се продолжува поради интересот на публиката и ќе биде достапна за јавноста заклучно до 1 март (недела).
Посетете ги нашите објекти и погледнете ги нашите изложби. Работиме секој ден во неделата, освен во понеделниците, од вторник до недела, информираат од Националната галерија – Мала станица.
Работното време е од 10-18 часот.
Влезницата чини 100 денари.


