На 11 ноември 2026 година во 18 часот во Францускиот институт во Скопје ќе биде отворена изложбата „Тела во трансформација и експериментални мапирања – Булевари“ на македонскиот уметник Доротеј Нешовски.
Изложбата ги истражува односите меѓу телото, јавниот простор и секојдневното искуство преку цртежи, колажи, просторни интервенции и експериментални мапирања, со посебен фокус на булеварот како простор на движење, средби и сеќавања.
Отворањето ќе биде проследено со интерактивна уметничка средба, при што посетителите ќе имаат можност активно да учествуваат во истражувањето на делата и создавањето сопствени мапи. Кураторка на изложбата е Изабела Левенска Миљаниќ, која ќе го води и разговорот со уметникот.


