Изложба на Кен Фридман 92 настани + 1 со Ѓоко Муратовски во МСУ

Сподели:

Изложба КЕН ФРИДМАН 92 настани + 1 со Ѓоко Муратовски, во Музеј на современата уметност – Скопје, 13 мај – 10/07 2026

Куратор: Владимир Јанчевски, Продуцент: Љупчо Иљовски, Креативен директор: Ѓоко Муратовски
Дизајн и подготовка за печат: Илиана Петрушевска. Технички соработник: Јордан Арсовски, Координатор: Бесник Емини

Музејот на современа уметност во Скопјe организира значајна изложба на која ќе биде претставено творештвото на Кен Фридман, со учество и на Ѓоко Муратовски.

Изложбата „92 настани + 1“ ќе одбележи 70 години од уметничката практика на Кен и 60 години откако тој како најмлад учесник се приклучил на Флуксус, пионерското неоавангардно движење што тој го обликувал заедно со Џорџ Мекјунас, Јоко Оно, Нам Џун Пајк, Јозеф Бојс, Џон Кејџ, како и Кристо и Жан-Клод.

На оваа изложба ќе бидат претставени сите 92 дела/инстукции на Кен Фридман, а исто така, ќе бидат рекреирани одбрани дела од почетокот на неговата кариера, меѓу кои и дело првично направено во 1971 година за изложбата на Џон Ленон и Јоко Оно „Ова не е тука“ во Музејот Еверсон во Сиракуза, Њујорк.

Делата на Кен Фридман веќе се чуваат во постојаните колекции на Музејот на модерна уметност (МоМА) во Њујорк, Музејот на уметност Харвард и Смитсонијан. Ова најново претставување ќе дополни нова колекција од неговите дела во постојаните збирки на Музејот на модерна уметност (МоМА) – вклучувајќи дело за градот Скопјe што Кен и Ѓоко Муратовски го создадоа заедно за оваа пригода (+1).

* Изложбата е реализирана во соработка со Музејот на современа уметност – Скопје и со финансиска поддршка од Ѓоко Муратовски, Владимир Јанчевски и Љупчо Иљовски

19:30 ч – Предавање на Кен Фридман
20:30 ч – Отворање на изложбата

Сподели: