“Летопис на духовната пчела”: Труд на Кире Цирески-Кико за македонскиот опстој

Сподели

 

 

Со благослов, во однос на самиот чин и содржината, од страна на неговото високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски, Плаошко-струшки и администратор на Австралиско-сиднејската митрополија, г. Тимотеј, познатиот активист, иселеник во Австралија и долгогодешен секретар на Управниот одбор при Македонската православна црковна општина Св Петка, во Сиднеј, Кире Циревски – Кико го објави обемниот труд, насловен :”Летопис на духовната пчела”.

Во над 500 страници, во тврд повез, низ текст, фотографии и фотокопии од оригинални документи, презентиран е организираниот живот на македонмката иселеничка заедница на австралискиот потконинтет, од првите доселувања до денешната, четврта генерација.

Авторот, ставил акцент на црковното организирање, како начин и средство за отфрлање на странските пропаганди во обидите за однародување на Македонците, потоа на формите на културно-образовно, спортско и сеопшто издигнување и зачувување на македонската самосвест.

Книгата ги обработува возвишените моменти, како што е формирањето на Македонските црковни општини, посебно “Св. Петка”, како главна артерија на македонскиот опстој и крвоток на живото македонско ткивo, изградбата на цркви и манастири, културни домови, прифатилишта за стари и изнемоштени лица, спортски клиубови и слично.

Посебно, Културно образовниот центар “Илинден”, како фундамент на македонското опстојување, со КУД “Илинден”, истоимен шаховски, како и фудбалски клуб, Пензионерското друштво “Св Ѓорѓи”, Женското пензионерско друштво “Добро утро”, Семинарот по македонистика, бројни изложби, прослави на историски датуми во старата татковина, кампањи при официјални пописи во Австралија и слично.  

Но, исто така, со текст и факсимили, даден е преглед на случувањата од последните две децении, со судските спорови кои, во Австралија ги водеше владиката Петар, против претставниците на црковните општини, граѓани и донатори, а штп доведе до тешки последици и делби на македонското етничко и верско ткиво на потконтинентот.

За тоа се потрошени десетици милиони австралиски долари, од страна на владиката се продадени бројни објекти, а само нашите иселеници, како што наведува авторот, тој “луксуз” на владиката ги чинел близу два милиони долари.

Уште повеќе, дојде до раскол во Австралиско-новозеландската епархија и поделбата на две епархии, со двајца владици.

За иселениците, како и за авторот, тоа е “мрачниот период на духовната пчела”.

Даден е преглед на децениските спротивставувања, низ митинзи протести и делувања во австралискиот и локалните парламенти против пропагандите на соседните држави на татковината.

Авторот ги обработува и врските, односно придонесот на нашинците во Австралија, во афирмацијата на старата татковина, во нејзините клучни моменти, како што се осамостојувањето и референдумот за независност, за што е организирано масовно гласање меѓу Македонците таму.

Исто така, разните хуманитарни акции за помош на семејствата на настраданите припадници на безбеднсните сили во Македонија, во 2001 година, донации за Црвениот крст и слично.

-Културното и духовното жиовеење на Македонците во дијаспората претставува обемна материја, која, ниту малку не е начната, а низ која се проткајуваат многу суштински прашања за евидентирање на вистината за МПЦ, за македонскиот народ во минатото и денес во борбата за самоодржување и самодокажување на својот идентитет, манифестирајќи ја својата култура, наследство, јазик и литература. Со своите разни секции и активности МПЦО “Св.Петка”, беше и е своевидна македонска амбасада, религиоезен, културно – информативен центар, со еден збор – бастион на овие австралиски простори и затоа е толку голем гневот кога ќе се посегне по нејзиниот опстој, пишува меѓудругото, отец Љупчо  Двојакоски во предговорот.

Веле Митаноски