Алтернатива Настани

Изложба на концертни плакати – Влатко Стефановски

 

Од 2 до 7 септември во Музеј на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се организира 5.издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити.

Во музичко-изложбениот дел, во фокус ќе биде изложбата на Влатко Стефановски во Музеј на Град Скопје, која е насловена како „Патешествие“.

Се работи за изложба на концертни и промотивни плакати од личната колекција и архива на Стефановски.

Со изложбата се прикажува неговото патешествие од самите почетоци со ,,Леб и сол”, па до ден денес, преку бројните солистички концерти и проекти.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт од Скопје, а визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Автор на фотографијата е Татјана Ранташа.

Изложбата „Патешествие“ ќе се отвори на 2. септември во Музеј на Град Скопје, а проекциите на филмовите ќе се организираат во Кинотека на С. Македонија почнувајќи од 3 септември.

Сподели: