Изложба “НЕБОГЛЕД” на Татјана Ристовска и Борче Богоевски во МКЦ

Сподели

 

„Небоглед “ е насловот на заедничката изложба на Татјана Ристовска и Борче Богоевски каде ке го претстават својот најнов концепт, материјализиран во дела изработени во различни медиуми, слики и скулптури. Структурата на сите ликовни елементи кои ја градат идејата во заедничкиот проект во себе содржи една поврзувачка природа, и тоа на начин каде што се сретнуваат дијалектичките процеси на различните искуства на авторите преточени во едно универзално искуство. Тие искуства и различни сензибилитети преку ликовниот израз имаат намера да визуелизираат сегментирани внатрешни духовни содржини испреплетени помеѓу уметноста и животот, личното и општото, помеѓу сеќавањата, доживувањата и емоциите.
Татјана Ристовска е родена 1981 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2007 година, на педагошки отсек, со насока вајарство во класата на проф. Станко Павлески, каде се здобила со Награда за најдобар студент на генерацијата 2001-2005год на Факултетот за ликовни уметности, педагошки оддел.
Во 2013, заедно со Борче Богоевски е основач на брендот КЕРАКАМИКА и истоименото студио за изработка на керамички уметнички предмети и производи, каде редовно одржува работилници за деца и возрасни од областа на керамиката.
Борче Богоевски е роден во 1981 година во Скопје. Дипломира во 2007 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек сликарство со насока конзервација и реставрација во класата на проф. м-р Благоја Маневски. Тој е еден од основачите на уметничката група и уметнички простор Art I.N.S.T.I.T.U. Скопје (2009-2011) каде учествува во два проекта: „Обид 0“ Културен Центар АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. Скопје 2009. „Let`s Fuck Them With Purple“ Културен Центар АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.2009 Скопје.
 
Галерија МКЦ,  20:00
Изложбата е отворена за посетителите до 16 октомври.