ПОСАКАВМЕ – Мрзливиот Поет

Сподели

1964861_954034791279177_9096415923867762139_n

Посакуваш да се запознаеме,
во очи да си погледнеме,
топлина да размениме,
искрите да ги расфрлиме,
зборови молчешкум да кажеме,
од случајни допири да се наежиме,
виленски коњчиња во мислите да ни талкаат,
космички вибрации под нозе да тапкаме,
атомски нуклеарки со копнеж да стопиме,
флуидот со занес да го замениме,
љубов со страст да платиме,
моментот за живот да го дадеме,
мигови за старост да сочуваме,
само да се запознаеме…
Посакав да те запознам,
и во очи да ти погледнам,
и искрата моја на тебе да ја расфрлам,
еден збор само ќе ти кажам,
случајните допири во намерни ќе ги претворам,
ќе се наежам од намерноста,
во мислите само искри ќе ми талкаат,
од вибрации занесот до нуклеарка ќе го доведам,
ќе плаќам и со страст и со аххх,
но, за старост миговите тебе ти ги предавам,
а јас, само ќе те запознам..
Мрзливиот поет