Изложба „Откривање на визии II“ на Верим Зендели во македонскиот КИЦ Истанбул

Сподели

Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, денеска, 18 јуни (среда), со почеток од 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Откривање на визии II“ на уметникот Верим Зендели.

„Откривање на визии II“ е второто поглавје на еден личен и уметнички процес што го поставува уметникот како медијатор меѓу видливото и невидливото, меѓу реалноста и духовноста. Заедели со своите делa го предизвикува гледачот да се нурне визуелно кон едно длабинско истражување на „внатрешната реалност“ – онаа која се раѓа од умот, чувството и имагинацијата. Неговото сликарство се движи низ слоеви на значења и сензации, откривајќи скриена убавина и создавајќи визуелни наративи исполнети со симболика и емотивна длабочина.

Изложбата ќе биде отворена за љубителите на уметноста во просториите на КИЦ – Истанбул, а влезот е слободен. Настанот се одржува во рамките на програмата на Министерството за култура и туризам на Македонија за промоција на македонската современа уметност во Република Турција.