Алтернатива Настани

ИЗЛОЖБА – ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ

Сподели:

Untitled

Децата од нашата улица, 29 јуни, 20.00 часот

Изложба на Панде Петровски ликовен уметник, афористичар и карикатурист. Координатор на ликовната колонија “Де Ниро” – Битола и учесник во други ликовни колонии во и надвор од Македонија.

Првата самостојна изложба ја отвора во 1959 година, во Битола во “Клубот на резервните офицери”, на Широк сокак и оттогаш до сега има отворено над 30 самостојни изложби во Македонија, Србија, Шведска и Австралија.

Автор е на повеќе дела “Бели мисли и размисли”, “Оаза на плачот”, “Думи” како и на монографски каталог “Срце куќа најширока”, исполнета со 100 цртежи, со мотиви од старата архитектура на македонските села.

Добитник на многу награди и признанија.

Сподели: