Изложба „Портрет на Кралот Алкохол“ на Соња Ставрова во МКЦ

Сподели

 

МКЦ, 20 октомври, 20 часот, Изложба „Портрет на Кралот Алкохол“, на ултра талентираната фотографка и уметница Соња Ставрова
 
„Портрет на Кралот Алкохол“ е фото-документарен проект на уметницата Соња Ставрова. Проектот вклучува визуелна изложба на фотографии и инсталации и го прикажува социјалниот живот во селата од #тиквешкиот регион. Оваа изложба е продолжение на проектот „Кралот Алкохол” каде во фокус беше градот Кавадарци.
 
Изложбата „Портрет на Кралот Алкохол“ ја истражува кооперацијата (селска продавница) преку која ќе се прикаже социјалната функција и културниот идентитет на пиењето алкохол. Кооперацијата е клучна точка за испитување на афирмативните перцепции на животните стилови поврзани со „пиењето“ како секојдневна пракса.
 
Портретирање на другарството, ергените и осаменоста, на место каде што се дели среќа и тага.