Премиера на претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов во Театарот Комедија

Сподели

 

На 20 октомври, со почеток во 20 часот, на сцената на Театарот Комедија во Скопје ќе биде премиерно изведена претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов.

Играат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски-Тино, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Наталија Теодосиева, Маја Љутков, Елена Кузманов, Григор Јовановски и Стефан Николовски. Во подготовката на претставата учествуваа: Илина Ангеловска (сценограф), Александар Ношпал (костимограф), Борјан Стојков (асистент на режија), Марија Ѓорѓиевска (асистент на сценографот) и Ивана Каранфиловска (асистент на костимографот).

Претставата ќе биде дел од редовниот репертоар на Театар Комедија, а повеќе информации за датумите на изведбите се достапни на интернет-страницата www.teatarkomedija.mk.