Изложба “Срце куќа најширока (мотиви од нашите села)” од Панде Петровски

Сподели

 

 „Срце куќа најширока (мотиви од нашите села)“ изложба на цртежи и од Панде Петровски, КИЦ Скопје, 13 јули 2023, 20 часот, Салон Империјал 1 и 2
 
* Панде Петровски е роден на 25.9.1939 година во Брусник, Битола. 1963 година завршува Педагошка академија. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам.
 
Од основањето во 2005 година учествувал и ја раководи како координатор ликовната колонија “Де Ниро” – Битола, а учествувал и на уште дваесетина други меѓународни ликовни колонии во Македонија (Велес, Нижополе, Кавадарци, Дојран, Гевгелија, Струга, Дрен, Белчишта), а исто така и во Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Романија.
 
Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери (Широк сокак – 137), досега има отворено над 30 индивидуални изложби во Македонија (Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија. Со свои дела учествувал и на над стотина колективни изложби во Македонија, Бугарија и Турција.
Ќе бидат изложени преку 60 цртежи со мотиви од нашите села.
Изложбата ќе биде отворена до 25.07.2023 година.