Изложба во Галерија КО-РА по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата

Сподели

 

Отворање на изложбите по повод Денот на пролетта и Деновите на екологија, вторник 21 март во Салоните на Галерија КО-РА со почеток од 19.30 часот.

Оваа традиционална изложба од ангажиран карактер и оваа година е насловена “Нашата визија за алтернативно живеалишта во хармонија со природата”, со која ЈУ Дом на култура Кочо Рацин – Скопје продолжува повеќе од три децении континуирано да го дава својот придонес во афирмацијата на оваа проблематика од витално и глобално значење за запазувањето на одржливиот развиток на сите видови на Планетата Земја.