Изложбата „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ гостува во Белград

Сподели:

Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград на 18 јуни во 20 часот ќе бидат претставени дела од 42 уметници, членови на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

На отворањето ќе се обратат претседателката на ДЛУМ проф. д-р Јана Манева Чупоска, претседателката на уметничкиот совет проф. д-р Маја Рауник Кирков и директорот на македонскиот КИЦ во Белград Васко Шутаров.

„Експериментален цртеж“ е традиционална годишна изложба на ДЛУМ која ги поттикнува современите истражувања и новите пристапи во цртежот како медиум.

Сподели: